Магаре Сафари
- Детали
- Посети: 25975
МАГАРЕ САФАРИ
Тргнување од хотелот по појадокот.
Програмата ќе се реализира во Охридското село Куратица оддалечено окоу 20 км од Охрид. Ова е неверојатна можност да се запознаете со начинот на живот на селото, нивните обичаи, фолклор, да вкусите традиционални јадења послужени на традиционален начин и истовремено да уживате во живописната природа на планината Плакенска.
Се прави прошетка и јавање на магаре до изворите на кои се изградени валајци- систем за природно перење алишта, како и прошетка низ самото село каде ќе имате можност да вкусите стари Македонски специјалитети како ѓомлезе, питулици, ајвар, пинџур, домашен леб од фурна,сирење, јогурт и сето тоа од домашно производство.
Ќе понесете неверојатни искуства.
По завршување на програмата враќање во хотелот.