Маврово и Бигорски
- Детали
- Посети: 25051
МАВРОВО
Западниот дел на Република Македонија е богат со високи планини, кристално јасни езера и реки и недопрена природа. Околу 50 километри северно од Охрид во близина на Македонско-Албанската граница, се наоѓа еден од најспектакуларните манастири на Балканот св Јован Бигорски. Тој е достапен од регионалниот пат Охрид-Струга-Дебар-Национален парк Маврово. Нема сомнение дека ова е еден од најпознатите сценски патишта во Македонија посебно во делот на кејот на реката Црни Дрим и кањонот на реката Радика.
Манастирот посветен на св.Јован Крстител бил изграден во 11 век.
Познат далеку и широко по дрвената резба на иконостасот од 19 век.
Програма
Патувањето започнува по патот Охрид-Струга-Дебар и Вие ќе имате можност да уживате во убавите пејзажи на планината Јабланица, и по текот на реката Црни Дрим.
Нашиот автобус ќе пристигне во близина на манастирот и од тука пеш продолжуваме околу 500 метри до главната манастирска порта.Разгледување на манастирскиот комплекс во времетраење од околу 1 час.
Патувањето продолжува низ Националниот Парк Maврово.Разгледување на регионот и можност за кафе пауза во еден од локалните ресторани.
Пристигнување назад во хотелот во 18:00 часот