СТРУГА & ВЕВЧАНИ

Струга се наоѓа на северната страна од Охридското Езеро, каде што реката Црн Дрим истекува од езерото. Струга е град на поезијата и  домаќин на поетската елита во светот на фестивалот "Струшки вечери на пезијата".

Постојат неолитски остатоци, како и римски споменици во градот. Посебно внимание се посветува на архитектура од XIX век.

Само на неколку километри од Струга на манастирот на Пресвета Богородица Калишта, и пештерската црква од XIV век. Струга се наоѓа во подножјето на планините богати со планински извори и како едни од најатрактивните се изворите во село Вевчани.

Поаѓање од Охрид во 09.00 часот.

Разгледот вклучува прошетка низ тесните улички на Струга, посета на Мостот на поезијата, и запознавање на посетителите со работата на Браќа Миладиновци. Од песната на Константин Миладинов "Т’га за југ" - едно од најдобрите црвени вина на Македонија го добило името.
     Турнејата продолжува во селото Калишта, во посета на пештерната црква и манастирот на Света Богородица Калишта. Постои можност за купување на познатото манастирско сирење, грозје и ракија.
    Заминување за селото Вевчани, во посета на Вевчани извори и ручек во национален ресторан. Национални специјалитети и домашни вина може да се конзумират во истиот.
Вевчани е симбол за Вевчански карневал. Вевчанскиот карневал, кој постои од 14 век долго наследство, се одржува секоја година од 13-14 јануари.

Find Us on

facebook twitter rss

ribbon
WRONG_WOEID WRONG_WOEID
top